Зеленски: Убиени се повеќе од илјада руски војници во текот на претходните денови

од Stefanija Kuzmanovska

Украинските сили тврдат дека убиле повеќе од илјада руски војници во текот на претходните денови, додека битката за Бахмут продолжува, објави „Гардијан“.

Во вечерното обраќање во неделата вечерта, украинскиот претседател Владимир Зеленски рече дека повеќе од илјада руски војници биле убиени, а 1.500 ранети во борбите.

„За помалку од една недела, почнувајќи од 6 март, успеавме да убиеме повеќе од 1.100 непријателски војници само во секторот Бахмут, што е голема загуба за Русија, токму на тоа место кај Бахмут“, рече Зеленски.

Основачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, рече дека борбите во Бахмут се „тешки, многу тешки“ и рече дека „колку руските сили се поблиску до центарот, толку борбите се пожестоки“.

Командантот на украинските копнени сили, Олександр Сирски, изјави дека ситуацијата околу Бахмут и понатаму е тешка, но дека украинската армија ги одбива сите руски напади за да го освои градот.

„Ситуацијата е тешка во Бахмут. Сите непријателски обиди за освојување на градот беа одбиени со артилерија, тенкови и друго оружје“, рече Сирски, пренесе „Ројтерс“.

Украина стана третиот најголем увозник на оружје во светот во 2022 година, според новата студија на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ).

Од 1991 година до крајот на 2021 година, Украина увезла мал број тешко оружје, а во претходните пет години, Украина сочинувала два отсто од увозот на оружје во светот, додава СИПРИ.

Според „Киев Индепендент“, увозот на оружје во Европа се зголемил за 47 отсто меѓу 2013 и 2022 година „поради тензиите меѓу Русија и повеќето земји од ЕУ“.

Слични содржини