Зеленски: Украина подготвена да започне со испорака на жито

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска изјави дека неговата земја е подготвена да започне со испораки на жито од пристаништата на Црното Море и дека очекува сигнал од ОН и Турција да започнат со испораки.

Од кабинетот на Зеленски соопштија дека тој го посетил црноморското пристаниште Чорноморск, кое беше под руска блокада, со цел да ги види подготовките за почеток на испораките договорени минатата недела во Турција со посредство на ОН, пренесува „Ројтерс“.

– Нашата страна е целосно подготвена. Нашата војска гарантира безбедност – наведе Зеленски.

Слични содржини