Зеленски во Херсон: Повлекувањето на Русите е почеток на крајот на војната

од Stefanija Kuzmanovska

Повлекувањето на руските сили од Херсон е почеток на крајот на војната, изјави денеска украинскиот претседател Владимир Зеленски додека ги одликуваше војниците и се фотографираше со нив во неодамна ослободениот град на југот на земјата.

Зеленски денеска шеташе по улиците на Херсон, само неколку часа откако во своето ноќно видео обраќање предупреди за мините што Русите ги оставиле во градот пред повлекувањето, пренесе АП.

Зеленски на централниот плоштад им подари медали на украинските војници и позираше со нив, а на видеото се гледа како им мавта на жителите кои го поздравуваат од прозорците и извикуваат „Слава на Украина“.

Слични содржини