Зеленски во пресрет на Божиќ: „Не се откажувајте во одбрана на државата, времето за одмор ќе дојде подоцна“

од Stefanija Kuzmanovska

Само неколку дена пред Божиќ, украинскиот претседател Володимир Зеленски апелираше на борбениот дух на неговите сонародници да не попуштаат во одбраната на земјата.

„Потребно е максимално внимание за одбраната, максимални напори за земјата, максимална енергија за Украина да ги постигне своите цели“, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање во Киев во четвртокот.

Времето за одмор ќе дојде подоцна, додаде тој.

Украина првпат официјално го слави Божик на 25 декември годинава според западната традиција, а не на 7 јануари согласно православните обичаи.

„Сега, пред Божиќ, сите во нашата земја мора да запомнат дека ова е време за концентрација, време за работа“, наведе Зеленски.

Судбината на земјата ќе се решава во регионите Харков, Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон, кои Русија ги нападна.

Дваесет семејства на украински херои добија станови од државата во четвртокот. Секој војник, морнар и офицер што ќе ја добие титулата херој ќе го добие истото признание од државата, рече Зеленски.

Слични содржини