Зендели ја прекина седницата, нема кворум во Собранието

од Nikola Popovski

Фадиљ Зендели, потпретседател на Собранието на РСМ ја прекина седницата во Собранието поради немање кворум.

-Во Собранието се присутни 60 пратеници, 58 во просторијава и 2 во скафандери во посебни простории. Бидејќи бројката е таа, немаме кворум и ја прекинувам работата. Ќе продолжиме во текот на денот, изјави Зендели.

Претходно тој ги повика во салата и останатите пратеници од власта, за да учествуваам во постапката за утврдување на дневниот ред. Сепак, по неговиот повик, никој не влезе во собраниската сала.

Слични содржини