Жените одлучија: Еве како изгледа СОВРШЕНИОТ МАЖ

од Stefanija Kuzmanovska

Секоја жена има нешто на што „паѓа“ кај маж – без разлика дали станува збор за долга коса, сини очи, изразени мускули … Но, повеќе од она што е привлечно за жените индивидуално, нè интересира што општо сакаат дамите кај мажите, а токму тоа беше откриено од научници.

Совршен маж мора да има неколку од следниве работи.

Густи веѓи и брада со квадратен облик

Истражувањата покажаа дека ваквите мажи се попривлечни за жените од едноставна причина што изгледаат помажествено, како и дека повеќе сакаат такви мажи кога размислуваат за посериозни врски.

Неизбричена брада

И ова е карактеристика што жените ја поврзуваат со мажественоста, па ако ги прашате за избричена или небричена брада, повеќето ќе ви кажат дека втората повеќе ги привлекува.

Истражувањата покажаа дека ваквите мажи се попривлечни за жените од едноставна причина што изгледаат помажествено, како и дека повеќе сакаат такви мажи кога размислуваат за посериозни врски.

Дискретна насмевка

Дамите не сакаат намуртеност, но исто така не сакаат премногу нападна насмевка кај мажите. Тие сметаат дека дискретната насмевка е идеална, а научниците додаваат дека тоа е една од причините зошто инаку ги привлекуваат „опасни“ момци.

Години

Ако треба да избере помеѓу маж на нејзина возраст и малку постар, жената претежно ќе го избере постариот. Научниците ова го нарекуваат „ефект на Џорџ Клуни“, но поентата е во тоа што тие едноставно ги сметаат постарите мажи за позрели.

Слични содржини