Жителите на оваа земја се прогласени за најголеми алкохоличари во светот!

од Nikola Popovski

Меѓународното истражување на „Global Drugs Survey“ покажа дека Австралијците се опијаниле во просек 27 пати годишно во 2020 година, што е речиси двојно повеќе од глобалниот просек од 15 пати годишно. Истражувањето исто така покажа дека речиси четвртина од Австралијците жалат што се опијаниле.

Истражувањето опфатило 32.000 луѓе од 22 земји ширум светот. Истражувачите ги прашале колку пати консумирале алкохол или дрога во изминатата година. Утврдено е дека Австралијците пијат алкохол во просек две ноќи неделно и биле многу пијани околу еднаш на секои две недели.

По бројот на интоксикации неделно ги надминале само Французите, кои, како што се испостави, пиеле три пати неделно. Австралијците кои учествувале во истражувањето исто така морале да повикуваат брза помош три пати почесто од светскиот просек поради пијанство (3,9 отсто од нив во споредба со глобалниот просек од 1,2 отсто).

„Статистиката е загрижувачка“

Катерина Гиорги, извршен директор на Фондацијата за истражување и едукација за алкохолот, истакна дека овие статистики се „загрижувачки“ и дека допрва треба да се открие јасна слика за штетните ефекти од консумирањето алкохол за време на пандемијата.

„Австралија е на врвот во светот по бројот на случаи во кои луѓето пријавиле дека се опијаниле, но и во однос на барање итна медицинска помош поради алкохол… И двата показатели укажуваат дека луѓето пијат до нивоа кои се доста алармантни“, рече таа, објави „Гардијан“.

„Исто така, видовме нагло зголемување на повиците до телефоните за помош поврзани со употреба на дрога и алкохол и зголемена вклученост на алкохол во случаи на семејно насилство. Има значителен дел од луѓе кои пијат загрижувачки големи количини на алкохол за да се справат со стресот и анксиозноста. Тешко е да се влијае на навиките додека живееме во време на пандемија“, додаде таа.

Таа напомена и дека има зголемување на продажбата на алкохол во вредност од 3,3 милијарди долари и нагласи дека овој тренд продолжува да расте годинава.

Ова се првите 10 земји во однос на фреквенцијата на пиење според истражувањето на „Global Drugs Survey“:

1. Австралија
2. Данска
3. Финска
4. САД
5. Обединетото Кралство
6. Канада
7. Ирска
8. Франција
9. Шведска
10. Холандија

Слични содржини