„Знае дека е готов“: Депресивниот Трамп подготвува одмазда и гледа телевизија

од Stefanija Kuzmanovska

Трамп знае дека е готов, но сега смислува едно невозможно сценарио по друго во надеж дека ќе успее да остане на власт, изјави советник на американскиот претседател Доналд Трамп.

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна собра советници на состанокот во Белата куќа за да разговараат со нив за некои работи. Многумина од нив му рекоа дека неговите шанси да го смени изборниот резултат и да остане на власт уште четири години се многу мали.

Трамп тогаш инсистирал на проверка дали републиканските политичари можат да најдат гласачи кои се за него, а потоа некако ги убедат да му дадат глас нему, а не на Џо Бајден. Тоа, изјавија за „Њујорк Тајмс“ луѓето кои присуствувале на состанокот, не бил детален разговор или многу значаен, но тоа ја покажало опсесивната желба на Трамп да остане во Белата куќа.

„Знае дека е готов, но…“

„Тој знае дека е готов, рече еден од соговорниците на весникот. Но, наместо да го прифати тоа, смислува едно невозможно сценарио по друго во надеж дека ќе остане на власт.

Нема никаква голема стратегија. Трамп едноставно се обидува на секој начин да ја собере поддршката од својата републиканска база и истовремено ги држи своите приврзаници подготвени за што и да следува.

Претседателот упорно вели дека го победил Џо Бајден на изборите, но засега не е јасно дали верува во тоа. И наместо дискретни барања за пребројување на гласовите, Трамп изнесе цела низа многу гласни обвинувања, користејќи силни теории на заговор што кружеа на Интернет.

Најновата се појави вчера кога на Твитер рече дека софтверот за пребројување Dominion избришал 2,7 милиони гласови што ги освоил на изборите, што дури и на неговите поддржувачи им е јасно дека тоа е невозможно.

Предизвикува контроверзии

Експертите велат дека Трамп го прави она што најмногу сака да го прави: Предизвикува контроверзии и гледа што ќе излезе од тоа.

Трамп веќе објави дека, доколку Џо Бајден победи во Џорџија и неговиот триумф биде официјален, тој повторно ќе се кандидира за претседател во 2024 година, а во меѓувреме, претседателот на САД  ги поминува деновите гледајќи телевизија. Неговите соработници велат дека Трамп е претежно нерасположен, но дека тој никогаш не вика и покрај впечатокот дека некои од неговите твитови се напишани со големи букви.

Управувањето со Америка сега стана споредна работа за Трамп. Освен што ги посети воените гробишта на Денот на победата, тој не се појави во јавноста, ниту се занимавал со проблемите предизвикани од пандемијата на коронавирус.

Републиканците му вртат грб

Додека Трамп смислува како да остане на власт, многу високи републиканци полека, но сигурно го прифаќаат поразот на Трамп и доаѓањето на демократот Бајден на чело на САД, повикувајќи го Трамп да се однесува како претседател.

Се чини дека на Трамп не му паѓа на ум мирниот трансфер на власта и сега, кога нема што повеќе да изгуби, започна поход за одмазда против администрацијата.

Неговите советници веќе им порачаа на бројни владини претставници да бараат други работни места, а шефицата на ЦИА Џина Хаспел исто така се најде на списокот за отстрел иако има и такви кои сметаат дека Трамп сепак нема да ја отпушти.

Претседателот сега „раскина“ со својата омилена ТВ мрежа – Фокс Њуз, обвинувајќи ги дека ја гризнале раката што ги храни со прогласување на победата на Бајден и сега се сврте кон други медиумски куќи како што се „Њузмакс“ и „ОАНН“, а медиумите пренесуваат дека тој дури размислува да отвори и своја телевизија. .

Во моментов, целта на Трамп е да го одложи официјализирањето на изборните резултати преку тужби и обвинувања, а неговиот омилен збор деновиве, „наместени“, може да има опасни последици по демократијата и изборниот процес.

Слични содржини