Зошто паметните луѓе веруваат дека коронавирусот е мит?

од Nikola Popovski

Дали знаете да се заштитите од дезинформации? Од студенти до политичари, многу паметни луѓе наседнуваат на опасните лаги за коронавирусот.

Од 80-тите години наваму, видовме ширење на опасни лаги за СИДА, од верувањето дека ХИВ вирусот е направен во владина лабораторија до идејата дека ХИВ-тестовите не биле веродостојни. Имавме дури и спектакуларно неоснована теорија дека може да се третира со козјо млеко.

Овие тврдења го зголемиле ризичното однесување и ја влошиле кризата, за Би-Би-Си, пишува Дејвид Робинсон.

Сега гледаме нова количина лажни вести, овој пат за пандемијата на коронавирус. Од Фејсбук до Ватсап, честопати споделената дезинформација вклучува сè, од она што ја предизвикува епидемијата до тоа како да  спречите да се разболите.

Постојат приказни за сонце, топло време и вода за пиење кои можат да го „исчистат“ коронавирусот. Сериозни медиуми се обидуваат да направат разлика, а Светската здравствена организација редовно ја ажурира својата веб-страница, со што се разбиваат митовите.

Американците сметаа дека коронавирусот е измама

Анкетата спроведена од „YouGov“ и „Economist“ во март 2020 година покажаа дека 13 проценти од Американците сметаат дека „Ковид-19“ е измама, додека високи 49 проценти веруваат дека епидемијата е создадена од луѓето.

Дури и некои од светските лидери се виновни за ширење неточни информации за ризик од епидемија и за промовирање на непроверени лекови кои можат да направат повеќе штета отколку помош. Затоа Твитер и Фејсбук презедоа уникатни чекори и ги отстранија тие објави.

Дел од проблемот потекнува од природата на самите пораки.

Во текот на целиот ден, ние сме бомбардирани со информации и затоа често се потпираме на нашата интуиција кога одлучуваме дали нешто е точно.

Што е лага, а што е точно? Поставете си ги овие прашања

Кога станува збор за нашето онлајн однесување, можеби ќе треба емоционално да се оддалечиме од содржината и да размислиме малку повеќе за едноставните факти. Поставете си неколку прашања.

Дали се заснова на гласини или цврсти научни докази? Можеш ли да го најдеш оригиналниот извор? Како изгледа кога се споредуваат со постојните податоци? Дали авторот се потпира на вообичаени логички заблуди, за да биде поубедлив?

Нема никој еден лек за сите болести. Како и нашите обиди за борба против вирусот, потребен ни е повеќенаменски пристап во борбата против ширењето на опасни по живот информации.

И како што се продлабочува кризата, одговорност е на секој да го спречи ширењето.

Слични содржини