Зошто треба да ја ограничите употребата на сол уште денес?

од desk4

Група светски лекари и нутриционисти бараат на пакувањата сол да се печати предупредување за сите можни несакани последици од нејзината прекумерна употреба.

Тие сметаат дека кујнската сол мора да доаѓа со етикети како на кутиите цигари, на кои ќе пишува „ограничете ја употребата“, или пак „претеран внес на сол предизвикува висок притисок и бубрежни заболувања“. Според нив, оваа мерка може да спаси милиони животи.

Pixabay

Нездравата храна е глобален проблем, а се проценува дека во 2018 година поради претераната употреба биле загрозени неколку милиони животи. СЗО си поставиле цел до 2025 година внесот на натриум да се намали до 30%.

Воопшто не верувајте во митовите дека солта го интензивира вкусот на храната. Тоа што не ја досолувате храната не значи дека не внесувате големи количини, бидејќи е многу застапена во преработените производи, крем-сирењата, колбасите, сувомеснатите продукти, чипсови и слично. Внесувајте 5-7 гр сол дневно за да ја задоволите потребата од јод.

Ова се топ 5-те производи кои секојдневно ги користите, а содржат преголема количина сол:

1. Леб и пекарски производи – Во една векна леб има 13,5 гр сол, додека во еден лиснат кроасан или кифла може да ја има истата количина, па дури и повеќе, доколку е полнет со фил.

2. Сувомесни производи и деликатесни сирења – Затоа и се нарекуваат деликатеси, треба да се консумираат повремено и умерено.

3. Грицки – Ја има и во пуканките и во чипсот и во квиките, во сите грицки кои ги купувате во маркет.

4. Сосови – Се работи за кечап, тартар сос, мајонез и сенф, кои речиси сите ги имаме дома. Пресолен е и соја-сосот, како и супите од кесичка.

5. Парче пица – Доколку е само со кечап и сирење, содржи 4,5 грама сол, а таа количина се зголемува со додавањето шунка, кулен или друг меснат производ.

Слични содржини