Од 21 часот ноќеска до 9 часот утрово, според евиденцијата на невладините организации и Меѓународниот Црвен крст од прифатниот камп во Гевгелија за Табановце заминале околу 3.700 мигранти откако претходно биле згрижени и евидентирани.

бегаКЦ

Моментно во кампот се наоѓа нова група мигранти чие евидентирање е во тек и откако ќе заврши ќе се упатат кон Табановце со нов воз кој е поставен на платформата во прифатниот камп.

Според одлуката на главниот штаб при Центарот за управување со кризи, превозот на мигрантите од Гевгелија кон Табановце се врши првенствено со возови, но бидејќи нивниот наплив е нешто поголем, изминативе два дена во превозот на мигрантите беа вклучени такси возилата и автобусите.

Такси возилата и автобусите се уште се паркираат на мостот кај Сува река, а од општината информираат дека на одредениот простор во близина на кампот, од вчера почнале градежните работи за уредување на паркинг просторот. 

Слични содржини