Ѓубриште и гранки во скопски Карпош- а да не е некоја инсталација ?!

од Vladimir Zorba

РЕАКЦИЈА  на ГРАЃАНИН:

14102449_10153704077150894_5672440191503925640_n

Ова е слика од кај мене пред зграда. Денес се јавив и ја пријавив состојбата во Комунална хигиена, каде плаќам секој месец пари за собирање на ѓубрево. Ќе сределе ама гранки и дрва не кревале. Се јавив и пријавив и во Општина Карпош да дојдат и да ги соберат гранките. Ќе поминела екипа со камионче. Никој не дојде! Нормално. Јас живеам во комплетно распаднат систем каде ѓубрето совршено се вклопува. Но, исто така јас сум многу упорна.

14051766_10153704077075894_4548259723025793143_n

Од утре на глава ќе им се качам на сите надлежни додека не го средат ѓубрево, не го исчистат просторот и на крај, да ги дислоцираат кантиве подолу на улицата.
Ова е ул. “Орце Николов”, конечно ја средуваат, а планираат и забава во школскиот двор баш карши кантиве за ѓубре, и тоа во рамки на Карпошово лето.

Милина!

Се надевам дека натрупаново ѓубре не е некоја инсталација во простор.  /МД

Слични содржини