Абази со тешки повреди во стомакот на операција

од desk3

Алит Абази, носителот на независна советничка листа предложена од група избирачи во Кичево, кој што поплднево беше ранет се наоѓа на операција со тешки повреди на абдоменот и рбетот, информирата за тв 24 од ургентниот центар во Скопје.

Оттаму велат дека Абази пред операцијата  бил во стабилна состојба, очекуваат зафатот да потрае , а за исходот ќе информирата утре.

Неговиот шеф на изборен штаб, пак Дестан Абдиу кој што беше застрелан во бутот на десната нога и е хоспитализиран во Клиничкиот центра  е во стабилна состојба.
На трето поврденото лице, Шабан Далипи му беше укажана помош во болницата во Кичево.

Полицијата го приведе напаѓачот Абдула Абдули  што попладнево во близина на судот и полициската станица пукаше во трите лица. А најден е и пиштолот од кој што е стрелано./24Вести

Слични содржини