Грција и Русија – тесната врска меѓу нив не се гледа на прв поглед. Сепак ги  обединува и  не само православната црква; покрај новиот грчки премиер тие открија сега уште еден реципроцитет покрај општите економски потреби .

Традиционално Грција и Русија одржуваат тесни меѓусебни односи. Особено важна улога во нив игра православната црква. Рускиот претседател Владимир Путин беше еден од првите кои го поздравија Алексис Ципрас за изборната победа. Шефот на Кремљ испрати честитки и надеж дека двете земји ќе соработуваат за решавање на актуелните проблеми во Европа и светот.

Од взаемен интерес

Владимир Путин се надева дека во лицето на Алексис Ципрас ќе има еден нов застапник во рамките на Евопската унија. Експертот Јан Техау од институтот Carnegie Еurope исто така смета дека Ципрас е заинтересиран за соработка со Русија во контекст на болната грчка економија. Бидејќи Русија игра значајна улога не само како пазар за грчките земјоделски производи, но и во секторот на туризмот. Речиси 1 милион Руси ја посетуваат годишно Грција. Во 2013 година Русите беа третата по големина група на странските туристи во земјата. Во последно време, сепак многу Руси не можат да си дозволат патување до Грција поради нискиот курс на рубљата. Според информација на весникот “Ханделсблат”, рускиот претседател Владимир Путин често поминува одмор на Егејот.

Во август 2014 година, сепак, Русија воведе забрана за увоз на прехранбени производи и земјоделски производи од Европската унија. Од тоа страдаат најмногу грчките фармери, кои традиционално извезуваат јагоди, киви и праски за Русија. Досега на рускиот пазар се бараа и грчки рибни производи, производи на кожарската и фармацевтската индустрија. Грчките медиуми јавуваат дека уште во август претставници на грчката Влада се договориле со Москва за некои олеснувања на забраната. Весникот “Катимерини” пишува и за оддржани доверливи разговори. Руски дипломати навестија дека за Грција можат да се направат некои исклучоци, бидејќи земјата сепак пројавила воздржаност во однос на барањата на ЕУ за санкции против Русија.

Интереси и популизам

Грција и Русија одржуваат тесни односи и во финансискиот сектор. Руски акционери имаат големи удели во една од најважните грчки банки – “Bank of Сyprus”. Тесни се врските меѓу двете земји и во енергетскиот сектор. Атина увезува над 60 проценти од природниот гас од Русија, пишува весникот “Ханделсблат”. Повеќето експерти сметаат дека последните изјави на премиерот Алексис Ципрас за основна промена на политичкиот курс и евентуално поместување на фокусот на политиката во правец Исток, се повеќе популизам. Професорот по меѓународни односи на Атинскиот универзитет, Димитрис Керидис смета дека новиот премиер се обложува повеќе на шоу-ефекти. Според него, Алексис Ципрас сака да покаже дека неговата влада се разликува радикално од претходните. “За Грција ќе биде катастрофално ако Сириза всушност го сврти грбот на Европа”, заклучува експертот.

Слични содржини