Aктер од филмовите “Сам дома” е пронајден мртов во хотел!

од Vladimir Zorba

Актерот, кој стана познат по улогата на таткото во филмовите “Сам дома”, почина на 72-годишна возраст. Џон Херд е пронајден мртов во хотел во Пало Алто, Калифорнија, во петокот, соопшти TMZ, цитирајќи семејни извори. Ѕвездата е пронајдена собарка, пишува dailymail.co.uk. Актерот имал мала операција на грбот и од средата бил во хотелот за да се опорави.

Херд ја толкуваше улогата на Питер Маккалистер – татко на Кевин, во филмовите “Сам дома”. Тој исто така учествува во “Голем” со Том Хенкс, “Сопранови” и “Батлстар галаксија”. Играл водечки улоги и во други продукции на големите и на малите екрани.

Слични содржини