Алекс Душебаев повторно во тимот на колото

од Vladimir Zorba

 

Десниот бек на македонскиот шампион Вардар, Алекс Душебаев повторно и избран меѓу седумината најдобри ракометари, односно најдобриот тим кој го одбележа изминатото коло во Лигата на шампионите.
Дуешебаев ваквото признание го заслужи на дуелот во кој Вардар го совлада Целје со 35-30, а Шпанецот беше најефикасниот ракометар на македонскиот шампион со осумпостигнати голови. Инаку ова е трет пат сезонава Душебаев да биде ден од најдобриот тим на колото во елитната лига.
Покрј Душебаев во тимот на 12.коло во Лигата на шампионите се и: голманот на Барселона, Гонзало Перез Варгас, лево крило на Ранј-Некар, Валур Сигурдсон, Момир Илиќ од Веспрем на левата бековска позиција, односно Габор Цазар од Кадетен Шафхаузен на централната, како и десното крило Богдан Радивојевиќ од германскиот Фленсбург, и пивотменото Михаел Кнудсен од Бјерингбро

Слични содржини