Александар Тумановски, адвокат: Врховен суд треба да одговора што наметна хибридна и непостоечка норма за притворот

од Vladimir Zorba

Тоа што го направи Апелациониот суд со одлуката да се определи мерка притвор која ќе има одложно дејство до решавање на жалбата до повисокиот суд а тоа е Врховниот суд, овозможи  лицата денес се дадат во бегство после потврдените одлуки за притвор за кои обвинетите чекаа скоро 10 дена на слобода.

Оваа пракса, која ја наметна првично Врховниот суд со одлуката по БЗЗ по предметот за Кочан да се укине притвор на лице кое се дало во бегство, овозможи и во другите случаеви да се одложи извршувањето на мерката притвор додека не се одлучи по жалбата, која одредба никаде во ЗКП не постои.

Оваа нова хибридна поставена норма од страна на Врховниот суд, а применета од Апелациониот суд никаде во светот не постои, нема таков пример кој може да се каже дека постои за да се аргументира, затоа бидејќи се сторени злоупотреби од страна на судот треба да се бара одговорност како во првиот случај така и сега кога им се даде можност на обвинетите да се дадат во бегство.

Ако се знае дека мерката притвор е да се обезбеди лицето во постапката да биде присутно со што нема да ја отежнува или попречува истата, тука видовме дијаметрално спротивни видувања од страна на судот да им се определи мерка притвор, а од друга страна да не се обезбедат лицата во притвор со што им се остави време и простор во овие денови додека не одлучи Врховниот суд да влијаат на сведоци и во краен случај да се дадат во бегство со одложното дејствије на мерката по наметната пракса на Врховниот суд на РМ.

Оваа покажа дека и тоа  како е потребен ремонт на нашето судство, не само по примерот на албанската судска  реформа со докажување на потеклото на имот, туку и латвијската, за кои реформи не треба да се чекаат повеќе други показатели.

Александар Тумановски

извор: Судство

Слични содржини