Американската морнарица има ново оружје против дронови, моќен ласер

од desk2

Американската морнарица има многу различно оружје со висока технологија, а во својот арсенал го додаде и моќниот ласер кој уништува дронови.


Заканата од дронови (UAV) е се поголема па морнарицата побара ефикасно решение. Тоа е новиот ласер кој со леснотија ги соборува несаканите летала. Оружјето наречено Laser Weapon System (LaWS) во суштина е тивок топ кој со зраци ги урива дроновите.

USS Ponce е првиот брод кој ќе го користи LaWS системот, а кој функционира како и останатите ласери. Тој метата ја погаѓа со голема количина фотони. Ласерот е тивок и невидлив а го загрева дронот до температура од 1.000 степени целзиусови, поради што тој се пали и паѓа.

Освен за дронови, ласерот е исклучително ефикасен и за чамци. Морнарицата работи на новата генерација ласери кои ќе можат да соборуваат проектили.

Целиот систем чини 40 милиони долари.

Слични содржини