Американските деца јадат три пати повеќе шеќер од дозволеното

од Vladimir Zorba

Американските деца јадат три пати повеќе шеќер отколку што е дозволено, алармираат американски експерти и повикуваат да се воведат построги норми и ограничувања на компаниите во прехранбената индустрија.5031868 Бебињата и децата под 2 години не треба да примаат никаква храна која содржи додаден шеќер, а поголемите деца треба да ја ограничат потрошувачката на таквата храна до 100 калории дневно. Ова се вели во соопштението на Американската асоцијација за срце – American Heart Association (AHA).

Тоа значи помалку од 6 кафени лажички од овој тип храна дневно за деца од 2 до 18 години. Децата треба да го ограничат со две третини количеството храна со додаден шеќер, особено безалкохолните пијалоци. Во моментов децата и адолесцентите во Америка примаат во просек на ден еквивалент на 19 кафени лажици шеќер.

Примањето на храна богата со брзи шеќери во детството ги зголемува ризиците од болести на кардиоваскуларниот систем, дебелината и високиот крвен притисок, покажува истражувањето.

Од јули 2019 година количината додаден шеќер во храната во САД ќе треба да биде наведена во етикетите.

Слични содржини