Аналитичар од Пентагон опиша колку време ќе трае војната меѓу САД и Северна Кореја – ужасот ќе заврши брзо за една од страните

од desk4

Битанскиот весник Дејли експрес направи доста интересна анализа за тоа колку време би издржа армијата на Демократска Народна Република (Северна Кореја) при евентуална војна со САД.

Податоците покажуваат дека војниците на Ким Џонг-Ун ќе бидат се во редови не повеќе од три недели.

Во армијата на Северна Кореја служат околу шест милиони војници, кои постојано се принудени да демонстрираат моќ, но армијата воопшто страда од ограничени ресурси, ова го тврди професорот од Универзитетот во Тексас и поранешен аналитичар на Пентагон за Источна Азија – Брус Бетол.

Вооружените сили на азиската комунистичка држава располагаат со муниција, храна, вода и горива за не повеќе од три недели. Потоа војниците на Северна Кореја ќе треба да развијат бело знаме , прецизира тој.

Според Бетол американскиот претседател Доналд Трамп спокојно може да ги зајакне силите распоредени во Тихиот Океан во Јапонија и Јужна Кореја и во делови на САД. Сè што треба да трае околу три недели, прецизира професорот.

Во тоа време армијата на Северна Кореја ќе почне да се распаѓа, прогнозира експертот. Во исто време, сепак, Дејли експрес потсетува дека неодамна Северна Кореја објави дека разработува ракета која може да погоди САД. Во меѓувреме, пак, стана јасно дека САД можат да нанесат превентивен удар по Северна Кореја, доколку добијат веродостојни информации дека претстои да истрела балистичка ракета со нуклеарна боева глава за детонација во атмосферата над Пацификот.

Тврдењето е на јапонскиот весник Yomiuri, кој се повикува на извори во американската администрација и Пентагон. Вооружените сили на САД се подготвени да ја искористат моќта, ако Северна Кореја демонстрира вистински знаци на претстојно лансирање на ракета со нуклеарна боева глава, појаснува весникот повикувајќи се на извори.

Според нив нуклеарна експлозија над Тихиот Океан би се претворил во самоубиствена акција за лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-Ун. Во септември Пјонгјанг се закани дека може да одговори на непријателствата политики и закани на Вашингтон со детонација на водородна бомба над Пацификот.

Слични содржини