Антикорупциска до Собранието: Зврлевски не смее да се разреши, опозицијата се откажа од расправата

од Vladimir Zorba

За Марко Зврлевски постои законска пречка да се разреши,напишале од антикорупциската комисија во одговорот кој што стигнал до пратениците на ВМРО ДПМНЕ и до претседателот на Собранието Талат Џафери. Одговорот го потпишал претседателот Игор Тантуров.

Во дописот адресиран до Собранието, Претседателот на Собранието Талат Џафери и пратениците Илија Димовски, Зоран Илиоски, Драган Цуклев Зеќир Рамчиловиќ стои дека Зврлевски не смее да се разреши.

„Од денот на распишување на изборите , до завршување на избор на Претседател на РМ, пратениците во Собранието, изборот на Влада, како и денот на распишување на избори, па се до завршување на изборите за градоначалниците и советите и нивно конституирање постои законска пречка да се разрешуваат и да се именуваат лица од и во државни и јавни институции каде надлежност за именување или разрешување има Собранието, Валдата или други институции кои вршат именувања и разрешувања„.

По ова  пратениците на ВМРО-ДПМНЕ посочија дека нема да учествуваат во незаконската расправа и ја напуштија собраниската дебата за разрешување на Марко Зврлевски.

За Претседателот на парламентот дописот од Антикорупцискиата е незаконски, протиувставен зато што Собранието нема надлежнот да ја ограничи својата активнсот , уште помалку по толкување на орган кој што е избран од Собранието.

Според Џафери, Дописот е неприфатлив затоа што тој единствено имал право да побара мислење, а  тоа не го направил, Антикорупциска нема што да му одговара на Собранието.

Слични содржини