Арапските држави со 13 услови до Катар, за да ја тргнат блокадата

од Vladimir Zorba

Арапските држави претставија листа на барања  која Катар мора да ја исполни ако сака да дојде до укинување на блокадата врз земјата, објави Тајм. Катар е изолирана поради обвинение од страна на Саудиска Арабија дека земјата соработува со терористички групи.

Списокот бил претставен од Кувајт. Таа во себе содржи 13 точки. Во листата се инсистира Катар да ги прекине сите свои врски со групите како Муслиманското братство, Хезболах, Ал Каеда и Исламска држава.

Се инсистира уште за прекин на емитувањето на телевизијата “Ал Џезира”. Има барање Катар да ги прекине врските со Иран. Во последните недели Катар добива материјална помош главно од Иран и Турција. На земјата и е наметнато трговско ембарго. Земјата има 10 дена за да ги исполни барањата.

Слични содржини