Грција испрати протестна нота до Австрија поради одлуката таа да биде изолирана од самитот на држави од Западен Балкан за бегалската криза, што утре ќе се одржи во Виена.

Westbalkankonferenz. Pressekonferenz, v.l.n.r. Zlatko Lagumdzija, Stefan FŸle, Sebastian Kurz, Ivica Dacic, Igor Luksic, Bushati. Wien, 03.06.2014, Foto: Dragan Tatic

Политичкиот директор на грчкото министерство за надворешни работи, амбасадорот Петрос Мавроидис, вчера на австрискиот амбасадор во Грција му доставил демарш за иницијативата на Виена да се организира состанок меѓу австриското МНР и сите држави од Западен Балкан, но без Грција. Иста протестна нота испратил и грчкиот амбасадор во Виена до австриското министерство за надворешни работи.

„То вима“: Австрија ќе ѝ помогне на Македонија околу спорот за името заради соработката околу бегалците

Мавроидис по инструкции на министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, во писмото истакнува дека овој состанок се оценува како еднострана иницијатива која воопшто не е пријателска кон Грција и со која се планира да се донесат одлуки што директно ќе ја засегнат Грција и ќе влијаат на грчките граници.

Во писмото е изразено и изненадување што Австрија се одлучила на ваков чекор само неколку часа по завршувањето на Европскиот совет, на кој се дискутирало за бегалската криза и биле донесени конкретни заклучоци. Грција, било истакнато, носи тежок товар на бегалската криза предизвикана од одлуки на трети страни, но и покрај тоа ќе продолжи да ги штити принципите, вредностите, визијата и името на Европската унија.

 

META

Слични содржини