На новиот албум на британската рок група Coldplay кој ќе излезе на 4 декември, ќе се најде и песната „Amazing Grace“ во изведба на американскиот претседател Барак Обама.

646036_obama-1-foto-tanjug-ap_f

Како што пренесуваат британските медиуми, Обама така ќе се придруѓи на подолга листа на уметници кои ќе гостуваат на албумот „A head full of dreams“, меѓи кои се Бијонсе и Ноел Галагер.

Песната „Amazing Grace“ која стана химна на борците против робството, Обама ја отпеа минатиот јуни, на погребот на една од жртвите на расистичкиот напад на црквата во Чарлстон.

Обама го обожава „Coldplay“, и драго му е што ќе биде дел од еден музички и историски настан.Сите во групата се многу возбудени. Мораа да добијат одобрение од Обама и црквата Чарлстон“, изјави извор близок на бендот.

Слични содржини