Членот на ДИК по предлог на ДПА, Бедредин Ибраими денеска рече дека нема никаква причина претседателот Иванов да го помилува за дело за кое никој не го гони, информира Телма.

bedredin_ibraimi

-Против мене СДСМ како партија поднесе кривична пријава за мојата одлука да гласам за поништување на гласањето на три избирачки места во општина Струмица на локалните избори. Бев повикан во основното обвинителство, а пред два месеци и во специјалното обвинителство и таму дадов исказ. И двете обвинителства досега не ме известиле ниту пак искажале интерес да ме гонат. Одлуката за мое помилување за дело кое не постои е беспредметна и бесмислена, изјави Бедредин Ибраими, член на Државната изборна комисија.

Ибраими го прифати извинувањето на Иванов кој вчера кога ја објавуваше аболицијата рече дека може да има навредени од неговата одлука.  /извор Телма

Слични содржини