БЕСА со комисија на преговори со СДСМ

од desk3

На седницата на денешното Централното претседателство на Движењето Беса формрана е комисија за преговори на чие чело ќе стои потпретседателот  Арбен Лабеништи. 

“Во духот на ветувањето за транспарентност со албанскиот гласач, Централното претседателство на Беса го информира членството, но и јавноста, дека останува посветена на својата изборна програма, со која ја освои довербата на Албанците во Македонија на изборите од 11 декември 2016 год. За другите детали и за исходот на преговорите јавноста ќе биде информирана навреме”, соопштија од Беса.

На шести јуни истекуваат дваесетте дена од уставниот рок до кој мандатарот Заев треба да ја договори владината коалиција. Претходно тој најави дека очекува тоа да се случи пред истекот на уставниот рок.

Слични содржини