Бред Пит доброволно однел “урина за тестирање“ за истрагата кон нападите на синот Медокс

од Vladimir Zorba

Бред Пит доброволно се пријавил да биде тестиран за дрога и алкохол, на почетокот на истрагата поради обвинувањата дека го злоставувал својот најстар син.38e382df00000578-3812319-image-a-16_1475089898386

Извори на ТМЗ тврдат дека не му бил побаран тест на урината, но бил спроведен доброволно неколку дена по авионскиот инцидент на 14 септември, кога Пит беше обвинет за пијана расправија која резултирала со физички напад врз синот Медокс (15).

Центрите за заштита на децата започнале истраги за ѕвездата, кусо пред неговата сопруга Анџелина Џоли да ги поднесе документите за развод наведувајќи ги како причина “непремостливите разлики“.

 

Резултатите од тестот не се откриени се уште и нема да можат да докажат кога ѕвездата точно пиела на летот од Франција до Лос Анџелес.38a47e9000000578-3812319-image-m-30_1475090642172

Вебсајтот додава дека надлежните не побарале примерок од урината за истрагата, но Пит се понудил самиот за да докаже дека нема ништо што крие и да ги расчисти сите “преувеличувања“.

Центарот наводно се појавил на вратата на Пит на 17 септември, откако анонимен повик ги известил за злоупотреба на децата. Близок извор раскажал пред списанието ИнТач Викли: „Бред призна дека бил пијан и го изгубил трпението, но тоа беше тоа. Тој дури и им даде примерок од урина на лице место“.

За време на интервјуто со надлежните тој раскажал дека настанала тешка расправија и пробал да ги исконтролира децата, но негираше било каков физички контакт.

Во моментов шесте деца на Џоли и Пит се заедно со мајката во изнајмен имот во Лос Анџелес. Списанието извести дека и сите деца, Џоли и дадилките биле интервјуирани од Центарот.

 

Слични содржини