Бред Пит: Дополнителното испраќање на војниците во Авганистан ќе направи уште штета

од Vladimir Zorba

Холивудскиот суперстар имаше јасен став околу ова прашање.

Познатиот глумец Бред Пит истакна дека дополнителното испраќање на војници во Авганистан само направило уште повеќе штета. Тој за интервјуто за АП наведе дека треба уште да размисли што претставува „победа„ во оваа земја. Глумецот додаде дека јавноста би требало повторно да разгледа на кој начин ги поддржува војниците.

Тој исто така навел дека е потребно повеќе од само давање пари за одредени кампањи и тупкање по рамо.

Да потсетиме претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп размислува да испрати нови американски војници во Авганистан, меѓутоа неговите советници наведуваат дека се уште нема одлука за тоа.

 

Слични содржини