Брисел порача: Договорот со Бугарија ги зацврстува ЕУ-перспективите на Македонија

од Vladimir Zorba

Европската Унија го поздравува потпишувањето на билатералниот Договор за пријателство, доборососедство и за соработка меѓу Бугарија и Македонија, стои во заедничката изјава на високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, и на еврокомесарот за проширување и за добрососедство, Јоханес Хан.

Могерини и Хан истакнуваат дека договорот треба да биде пример за земјите од регионот за тоа како се решаваат билатералните спорови.

„Договорот ја демонстрира посветеноста на двете страни да ги надминат билатералните спорови и претставува инспирација за целиот регион. Тоа е позитивен чекор напред кон добрососедски односи и ја зајакнува ЕУ-перспективата на поранешна југословенска Република Македонија, во интерес на граѓаните“, велат Могрини и Хан во писмената изјава.

Слични содржини