Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц и шефот на Европската комисија Жан Клод-Јункер направија заедничка изјава по референдумот во Британија. Текстот е објавен на страницата на Европскиот совет.

1466768335-junjpg
“Во текот на слободен и демократски процес британскиот народ ја изрази својата желба да ја напушти Европската унија. Жалиме, но ја почитуваме нивната одлука. Сега очекуваме владата на Велика Британија да ја реализира одлуката на британскиот народ е можно побрзо, без оглед на тоа што процесот може да биде болен. Секое одложување би придонело за продолжување на неизвесноста “, се наведува во заедничката изјава.

Невиден колапс на атинската берза

Претходно францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека одлуката на граѓаните на Велика Британија да излезе од составот на ЕУ ќе биде “тешко искушение” за Европа.

Слични содржини