По објавувањето на информациите дека Претседателот Иванов помилувал лица за кои има истраги за злоупотреби, британскиот Министер за Европа Дејвид Лидингтон изјави:linigton

„Одлуката на Претседателот од 12 април, да ги помилува лицата за кои во моментов се водат истраги за злoупотреби е исклучително загрижувачка. Оваа одлука ги заштитува официјалните лица и поранешни министри обвинети за корупција и оневозможува правдата да стигне до граѓаните на Македонија. Наводите во прислушуваните материјали од минатата година отворија многу прашања за владеењето на правото и веродостојноста на изборите. Овие нaводи мора целосно да се истражат низ соодветен правен процес, за Македонија да изнајде одржливо решение за актуелната политичка криза. Го повикувам Претседателот на Македонија да најде начин за промена на одлуката.

Македонија треба да има избори на 5 јуни. Сериозно сме загрижени за степенот на подготвеност за предвремените избори, недоволно пречистен избирачки список, без напредок во медиумските реформи и пријави за заплашување. Се надеваме дека какви било јавни протести ќе се одвиваат без насилство.

Разговарав со претседателот на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на 13 април за јасно да ја истакнам нашата загриженост и повик за дејствување.“

Слични содржини