Центарот за современи уметности ја поддржува иницијативата за референдум во општина Центар за изгледот на Градскиот трговски центар во Скопје.

gtc-barok3
„Референдумите во Македонија исклучително ретко се применуваат, сметаме дека ова е историски важен момент за македонската демократија и јавно повикуваме на поддршка од сите граѓани и организации кои ги делат вредностите на граѓанската демократија“, пишува во писмото на Центарот за современи уметности.

Оттаму апелираат до советниците на општина Центар да ја поддржат иницијативата за референдум, со што директно би им овозможиле на граѓаните да го реализираат уставно загарантираното право на избор и би овозможиле зачувување на едно од најавтентичните современи обележја на центарот на Скопје.

АЈДЕ! – Платформата за граѓанска политика,пак како неформална, но организирана група слободоумни поединци кои се стремат да ја вратат моќта за носење политички одлуки во рацете на граѓаните, целосно ја поздравува и ја поддржува иницијативата за референдум во општина Центар, за задржување на постојниот и автентичен изглед на Градскиот Трговски Центар – Скопје (ГТЦ).

Референдумот претставува најавтентична форма на граѓанска демократија и можност да ги обедини сите граѓани кои се поделени по различни основи, овозможувајќи им заеднички да одлучуваат за важни прашања од интерес на заедницата.

АЈДЕ! смета дека оваа иницијатива е важен момент за македонската демократија и јавно повикува на поддршка од сите граѓани и организации кои ги делат демократските вредности.
Истовремено, испраќаме апел до сооветниците на општина Центар да ја поддржат иницијативата за референдум и со тоа да им овозможат на граѓаните да ги реализираат нивните со устав загарантирани права.

Слични содржини