Чудете се, ама така било! Веќе е јасно, еве кога сме најсреќни…

од Vladimir Zorba

Среќата им доаѓа луѓето на 53-годишна возраст, пишува весникот “Дејли експрес”, повикувајќи се на резултатите од истражување направено во Велика Британија меѓу 2000 лица по нарачка на Crystal Ski Holidays, соопштија светските агенции. На оваа возраст луѓето веќе се во состојба да ги прифатат несовршеностите, уживаат во поголема доверба, не се загрижени за ситници, не ги придружуваат вообичаените за младоста финансиски грижи, помалку се возбудуваат од мислењето на околината. Ова се само дел од позитивите на зрелите години.

1469975955-shutterstock-126341828

Анкетата, опфатила луѓе на возраст меѓу 50 и 70 години покажува дека повеќето од нив сега се чувствуваат посреќни отколку во младоста. Просечната возраст на која се постигнува вистинско задоволство од животот, е 53 години.

Меѓу предностите на подоцнежната возраст, истакнати од учесниците во анкетата, се дека може да бидат спонтани, отворени и да се смејат со околните, не им се наметнува да учествуваат во маратони, можат да живеат без секс, но не и без очила.

Покрај тоа можат да доверат мирно тајни на пријатели, бидејќи е многу веројатно тие да ги заборават, можат да носат удобна облека и чевли, без да им е гајле за тоа како изгледаат, имаат повеќе време за забава, можат без каење да дремат попладне и имаат оправдување за тоа што забораваат.

Слични содржини