CNN: Американски извор тврди дека атентаторот од Манчестер најверојатно е обучуван од “Исламска држава” во Сирија

од Vladimir Zorba

Самоубиствениот бомбаш од Манчестер, Салман Абеди, најверојатно поминал обука во Сирија кај членови на “Исламска држава”, неколку месеци пред да го изврши нападот, во кој загинаа 22 лица, пренесува телевизискиот канал CNN, повикувајќи се на извор.

Во САД се на мислење дека “Исламска држава” го има подготвено крвавиот напад во Манчестер преку обука на Салман Абеди.Се смета се дека и други членови од семејството на Абеди се радикализирани.

Последните откритија доаѓаат по размена на разузнавачки податоци помеѓу САД и Обединетото Кралство, која беше обновена по привремен прекин поради протекување на доверливи информации.

Слични содржини