Дебата „Клик плус“: Работата на СЈО – успешна или не?

од Vladimir Zorba

Јаничарско водење на јавно обвинителската функција. Вака поранешниот обвинител Сотир Костов ја коментира 18 месечната работа на Специјалното јавно обвинителство но кое вчера му истече рокот за поднесување обвиненија. Според Костов, за година и половина СЈО поднесе само 3 обвиненија, а на само еден ден пред истекот на мандатот нови 17. Тој смета дека СЈО својата функција не ја изврши ефикасно, информира ТВ21.

Адвокатот Звонко Давидовиќ ја спореди работата на СЈО со Основното јавно обвинителство, потенцирајќи дека тимот на Катица Јанева уште од формирањето со соочуваше со голем број сопки и имаше тешка соработка со институциите на државата.

Според поранешниот министер за внатрешни работи и политички аналитичар, Оливер Андонов, сите забораваат дека Јанева го испуштила предметот „Пуч“, сработен од јавното обвинителство за гонење на организиран криминал.

Според аналитичарот Агим Јонуз големи пари не се крадат индивидуално, туку системски.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини