Денеска во Скопје се потпишува историски договор на Македонија и Бугарија

од Vladimir Zorba

   Договорот ќе го потпишат премиерот на Република Македонија Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија ќе биде потпишан денес во 13 и 35 часот во Скопје. Договорот ќе биде потпишан на официјалните јазици на договорените страни -македонски јазик согласно Уставот, и бугарски јазик согласно бугарскиот Устав, и двата текста ќе имаат еднаква важност. Договорот ќе го потпишат премиерот на Република Македонија Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Владина делегација на чело со Бојко Борисов пристигнува во Скопје денес . Во предводена од премиерот делегација се вклучени уште четворица министри: Екатерина Захариева, вицепремиер за судските реформи и министер за надворешни работи; Красимир Каракачанов, вицепремиер за јавниот ред и безбедност и министер за одбрана; Темјанушка Петков министер за енергетика и Ивајло Московски министер за транспорт. По потпишувањето на Договорот секој од министрите ќе има билатерални средби со своите македонски колеги.

Двајцата премиери, после денешното потпишување на договорот, утре ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев во кругот на скопската црква „Св. Спас“ и на тој начин симболично ќе го одбележат договорот за добрососедство и соработка.

При посетата на Заев на Бугарија на 20 јуни, бугарскиот и македонскиот премиер заедно положија цвеќе пред споменикот на цар Самоил во Софија и така го најавија потпишувањето на билатералниот договор за кој преговорите траат уште од 2009 година.

Според протоколот на Владата, со овој чин на заедничко поставување венци, ќе започне прославата на 114-годишнината од Илинденското востание и 73-годишнината од првото заседание на АСНОМ.

Веднаш потоа премиерот Заев патува за Подгорица, каде што,заедно со премиерот на Црна Гора е кодомаќин на средба на потпретседателот на САД Мајк Пенс, со високи претставници на земјите членки и на земјите набљудувачи членки на Јадранската повелба, чиј претседавач оваа година е Македонија.

„Ова е голем чекор и одраз на новиот дух на политичари кои градат мостови, а не рушат. Решени сме да водиме политики кои решаваат проблеми, а не создаваат. Од другата страна имаме пријател и сосед со добра волја. Договорот не треба да биде само текст, туку треба да има душа, да има уште поголем дух и од она што самиот текстот го предвидува. Минатото и историјата ги поставуваме како темел на иднината. Оваа Влада го финализираше процесот започнат 2009 година“, изјави премиерот Зоран Заев на прес конференцијата на 26 јули, кога беше објавен договорот со Бугарија и поделен на новинарите.

Освен што предвидува отстранување на јазикот на омразата и тензиите од билатералните односи, спроведувањето на документот ќе придонесе за одмрзнување и ревитализација на трговскиот стоковата размена меѓу Бугарија и Македонија.

Во контекст на договорот се и два меморандумот – за остварување на железничката врска Софија-Скопје и за изградба на меѓусистемна гасна врска.

Во пресрет на потпишувањето на договорот и од Софија, и од Скопје беше изразено желба за реализација на Коридорот №8, бидејќи оваа транспортна артерија би придонела за интензивирање на економските врски меѓу двете земји.

Освен средби со премиерот Зоран Заев бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе се види  и со претседателот на Парламентот, Талат Џафери и претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Во продолжение  содржината на договорот со Бугарија, кој македонската влада го стави на својата веб страница.

Ова е договорот што на 1 Август треба да го потпишат Македонија и Бугарија

Слични содржини