Deutsche Welle: Хрватска е проблематичното дете на ЕУ

од desk2

Deutsche Welle ги пренесува наводите на неколку европски весници кои ја опишуваат моменталната сосотојба во Хрватска како антиреклама за проширувањето на Европската унија, критикувајќи го кокетирањето со фашизмот и лошите односи со соседите.

„Хрватска води спорови за својата историја“, е наслов на веста во која Neue Zürcher Zeitung се осврнува на промената на името на еден од најубавите загребски плоштади. Секако, се работи за Плоштадот „Маршал Тито“ кој поранешниот министер Златан Хасанбегович, кој деведесеттите години се шеташе со фашистичка капа, успеа да го преименува во „Плоштад „Република Хрватска“.

„Откако Хрватска се одвои од Југославија таа води спорови за својата историја. Десницата работи на „антитоталитарен консензус“, кој ја изедначува Титовата повеќенационална диктатура со фашистичкиот усташки режим. Но, тоа историски не е точно. Титовиот режим имаше многу репресивни страни, но осигура скромна благосостојба за милиони луѓе и количина слобода каква не познаваше ни една друга социјалистичка земја“, аргументира Neue Zürcher Zeitung.

Весникот Berner Zeitung се занимава со Хрватска нагласувајќи дека нејзиното однесување е „антиреклама за проширувањето на ЕУ“. Томас Роеср од Белград пренесува дека смртта на угледниот публицист Славко Голдстејн предизвикала поплава навреди на негова сметка што е уште еден доказ за „фашизација на хрватското општество“.

Некои аргументи кои ги наведуваат медиумите се проповедите на свештениците во кои се шири омраза против партизаните и Србите, спалувањето на српски медиуми, поставување плочи со усташкиот поздрав „За дом спремни“, а над се и ставот на претседателката Колинда Грабар – Китаровиќ, која ги минимизира спомнатите проблеми.

Во веста се потсетува на улогата на Иво Санадер во приближувањето на Хрватска кон НАТО и ЕУ „додека поради бројни корупциски скандали не заврши зад решетки“, потоа влезот на Хрватска во ЕУ во времето на премиерот Зоран Миланович и прифаќањето на закони со кои се сакаше да се спречи испораката на поранешни челници на југословенската тајна служба на Германија.

„Играта на Хрватска во гости кај ЕУ до сега не стана успешна приказна. Напротив, таа земја веќе одамна стана проблематично дете на ЕУ. Двапати Брисел мораше да ја врати Хрватска назад поради недопуштени трговски санкции против поранешниот воен противник Србија. Тврдоглавиот балкански пркос го одредува однесувањето на Хрватска и со другите, ништо помалку тврдоглави балкански поранешни Југословенски партнери: обзирот кон националните чувства во самата земја му го отежнува барањето компровис на Загреб со соседите“, пишува Berner Zeitung.

Слични содржини