Џонсон: Русија е како Спарта

од desk4

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон ја спореди Русија со Спарта, на што реагираше портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, нагласувајќи дека Русија никогаш не била „милитаристичка земја“, за разлика од европските држави.

Џонсон посочи дека Атина е „пандан на САД и Западот“, а Русија ја спореди со „затворената, злобна, милитаристичка и антидемократска Спарта“. Сепак, Џонсон нагласи дека земјите треба меѓусебно да соработуваат.

– Споредбата не е точна. Не е, бидејќи Русија никогаш не била „милитаристичка земја“, за разлика од европските земји. Суштината во разликата меѓу Атина и Спарта била олигархијата како основна структура на другата. Не мислам дека е можно да се замисли поголема олихархија од Велика Британија, напиша Захарова на нејзиниот Фејсбук профил.

 

Слични содржини