Џорџ Клуни за првпат го коментира фактот дека наскоро ќе стане татко на син и ќерка – близнаци.

од Vladimir Zorba

Видно возбуден холивудски актер изјави дека татковството за него ќе биде вистинска авантура. Џорџ додаде дека со неговата сопруга Амал немаат трпение да се запознаат со своите деца во јуни.


Тој изјави во францускиот пренос на “Rencontres de Cinema”: “Ние сме навистина среќни и возбудени. Ова ќе биде едно авантура. Сево ова го очекуваме со широко отворени раце. ”
Клуни уште изјави и дека неговите пријатели многу го поддржуваат и постојано го смируваат, бидејќи самиот тој се чувствувал малку нервозен.

Неодамна колегата на Џорџ Мет Дејмон се пошегува дека сопружниците Клуни ги чекаат доста непроспиени ноќи и деканавитина не знае како ќе се справат со две бебиња одеднаш.
Мет,исто така, откри дека Џорџ со него ја споделил голема вест кога Амал била дури во осмата недела од бременоста и тој дури го прекорил дека е премногу рано да се фали пред жена му да влезе во четвртиот месец.

Слични содржини