Новото задолжување од скоро 100 милиони евра заврши во Државната изборна комисија, јавува Фактор,мк. Имено, до вторник ДИК треба да одлучи по ветото што го стави дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов на ново задолжување, за кое треба да се оцени дали има влијание врз изборите.

A bank employee spreads out euro notes on a table at a bank branch in Madrid January 13, 2011. Spain and Italy staged successful bond sales on Thursday, buying European leaders a little time to come up with a new package of measures to stem the debt crisis rocking their 12-year old single currency bloc. A day after Portugal surprised many in the markets by selling 10-year debt relatively easily, Spain and Italy passed their first major financial tests of 2011, auctioning a total of 9 billion euros in bonds.  REUTERS/Andrea Comas   (SPAIN - Tags: BUSINESS)

Ова практично е и првото вето на СДСМ, откако партијата, преку свои функционери влезе во извршната власт. Овој случај на вето, според познавачите треба да добие разврска во “вакуум“ простор. Имено, најавеното задолжување треба да се спроведе во вторник, и до тогаш ДИК треба да се изјасни во однос на ставеното вето од страна на Наумов. Но, во тек е изборот на нови членови на ДИК, која во сегашниот состав за последен пат би заседавала во понеделник.
Новото задолжување од 100 милиони евра беше најавено со Проспектите на Министерството за финансии само три дена откако се спроведе операцијата за издавање на новата Еврообврзница од која се обезбедија 270 милиони евра. Според информации на “Фактор“, пред да се објави проспектот за новото домашно задолжување имало средба меѓу двоецот Ставрески-Наумов, но не бил постигнат договор, по што следуваше и објавата дека СДСМ, преку својот функционер ќе стави вето.
“Ова најавено задолжување е доказ дека е загрозена исплатата на платите и пензиите,до тој степен што државната каса е во состојба да не може да ги дочека средствата од еврообврзницата кои треба да бидат оперативни за само неколку дена.СДСМ има обврска да не дозволи дополнително задолжување на идните генерации.Особено што и самиот Ставревски на 24 ноември изјави дека со задолжувањето од Еврообврзницата се обезбедени средства за непречено извршување на обврските на Буџетот и во 2016 година“, соопштија СДСМ.
Од истата партија брифираат дека и ова и секое следно задолжување нема да помине без согласност, односно договор меѓу министерот и допнителниот заменик министер.
“Слично како и со задолжувањето преку Еврообврзницата, така секое следно задолжување мора да добие согласност од дополнителниот заменик министер, во однос на сумата и рочноста на задолжувањето. Ова не значи дека аукциите за државни хартии од вредност ќе запрат, но за висината на задолжувањата преку нив, како и за рокот на отплата на новиот долг, потпис ќе мора да стави и дополнителниот заменик, во спротивно, само потписот на министерот за финансии нема да има правно дејство“ , сметаат изворите од СДСМ за “Фактор“.
Непосредно пред да бидат објавени проспектите за новото задолжување на домашен терен, министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека граѓаните треба да бидат спокојни оти се обезбедиле пари за покривање на тековните трошоци и дека Македонија, според мерењата на Еуростат е четврта по ред, најмалку задолжена економија во Европа. Како, со која вредност и рочност ќе се спроведат и преостанатите задолжувања што се најавени до крајот на оваа година, допрва ќе се знае. Од СДСМ остануваат на ставот дека ќе го спречат секое непотребно задолжување кое може да влијае врз изборите.
Во интервју за 24Вести, гувернерот Димитар Богов изјави дека не очекува нарушување во работата на Министерството за финансии, и покрај тоа што Наумов најави дека ќе го користи правото на вето во случаи за кои ќе оцени дека влијаат врз изборите.
“Се надевам дека тоа нема да се случи. Буџетот е со сила на закон и преку него, министерството мора да ги реализира сите обврски, односно трошења и исплати. Изјавата дека без пари од Еврообврзницата, Буџетот ќе колабираше мислам дека е пресилна“, изјави гувернерот Богов.
До крајот на оваа година, вклучувајќи го и најавеното утрешно задолжување, треба да се спроведат три аукции, а по основ на доспеани обврски кон домашните кредитори Владата треба да врати околу 60 милиони евра. Претходно, со потпис на дополнителниот заменик министер за финансии, се спроведе надворешното задолжување од 270 милиони евра, по што Наумов изјави дека успеал преходно најавената сума од 500 милиони евра практично да ја преполови. Министерот за финансии пак повика случајот да не се политизира и потенцираше дека најважно е дека се обезбедени пари за тековните буџетски потреби. Заклучно со третиот квартал,вкупниот јавен долг изнесува 3,9 милијарди евра или 43,9% од БДП.

Слични содржини