Два силни земјотреса го погодија централниот дел на Италија

од Vladimir Zorba

Втор земен потрес со интензитет 6.2 степени според Рихтеровата скала ја  потресе централна Италија.5133223

Два силни земјотреси го  погодија централниот дел на Италија . Истиот регион настрада силно пред два месеци од друг земјотрес. Потрес со интензитет од 5,4 степен беше почувствуван вчера во близина на населбата во централна Италија, соопштија од Европско-Медитеранскиот сеизмолошки центар и Американскиот геолошки институт. Епицентарот бил на длабочина 9 километри во областа Мацерата на централниот регион Марке, посочи италијанскиот геофизички институт. Овој регион се наоѓа на 132 километри североисточно од Рим, каде што исто така  почувствувале потресот, и на 37 километри западно од градот Асколи-Пичето. Тој земјотрес е поврзан со августовските, изјави италијанскиот сеизмологија од Националниот институт за геофизика и вулканологија Алесандро Амато.

zemjo-ital“Новиот подземен земјотрес ја допре истата зона, како и пред два месеци”, рече тој. На 24 август во Италија како резултат на земјотрес со интензитет од 6,0 загинаа речиси 300 луѓе. Имаше значителни штети во неколку мали планински гратчиња во областите Лацио и Марке. Сеизмолозите од самиот почеток не го исклучите повторувањето на силен  потрес. Од 24 август сеизмичката активност во централна Италија не е прекината. Епицентарот на првиот од вчерашните земјотрес се наоѓа на околу 132 километри. североисточно од Рим и на 37 километри западно од градот Асколи-Пичето, во реонот на градот Кастелсантанџело Сул Нера. Службите на “Граѓанска заштита” проверуваат за можни жртви, повредени или причинета материјална штета, иако нема такви сигнали . Во некои од населените места во погодената област има проблеми со струјата.

zemjotresНеколку часа подоцна, има втор земен потрес со интензитет 6.2 степени според Рихтеровата скала кој ја потресе централна Италија синоќа. Епицентарот е пресретнат во истиот регион, меѓу градовите Перуџа и Мацерато. Неколку десетици луѓе побарале итна медицинска помош по двата земјотреси. Засега нема информации за повредени, соопшти началникот на “Граѓанска заштита” Фабрицио Курчио. “На крајот ситуацијата не се покажа толку катастрофална како што изгледаше првично  силата на потресите”, рече тој на прес-конференција во Риети и сумира: “Неколку повредени и многу паника”. Однесени  се во итни оддели на различни болници во регионот  и се со полесни повреди . “Во моментов не сме ја  утврдиле  ситуацијата”, истакна уште Курчио. Италијанскиот премиер Матео Рензо напиша на “Твитер”: “Сакам да се заблагодарам на оние кои работеа во дождот во областите погодени од земјотресот”. Тој изрази сочувство на целата нација на луѓето кои живеат во настраданите места.

Слични содржини