Eден месец по насилството во Собрание, сторителите неказнети

од Vladimir Zorba

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, кој беше шеф на оперативниот штаб за обезбедување на парламентот, треба да понесе кривична одговорност, затоа што знаел што се случува, а не дејствувал, смета адвокатот и поранешен судија Валентин Зафиров.

Тој, во емисијата 360 Степени, посочи дека има обид да се изостави одговорноста на оние што ги планирале насилствата во Собранието на 27 април, а да бидат казнети само оние што извршувале задачи.

„Теоретски земено, ако на еден судија – кривичар што држи до морални и правни принципи му се донесе такво обвинение, сите овие од Чавков до пратеници, ќе ги суди дека делото го сториле во договор. Очигледно е договарањето, знаеле што ќе се случи во Парламентот, а Чавков е недостапен за министерсот за внатрешни.“ – изјави Валентин Зафиров, адвокат и поранешен судија

Адвокатката Натали Петровска ја поддржа тезата дека со условните казни за насилниците се испраќа охрабрувачка порака за некој да изврши слични напади во иднина.

„Тоа е директен атак на судот. Ако се сеќавате на протестите пред неколку години кога имаше демонстранти пред судовите за предметот „монструм“, тие фрлаа со предмети на судовите и скршија неколку прозори. Тие луѓе добија кривични осуди и добија ефективни казни затвор. Значи во тој случај се применува правдата на еден начин, а во овој случај поинаку“. – вели Натали Петровска – Адвокат

Гостите во емисијата беа согласни дека насилството во Собранието било добро испланирано и дека пратеници од ВМРО ДПМНЕ ја пуштија толпата да влезе наместо да ја заштитат институцијата./извор АлсатМ

Слични содржини