Европската комисија не сака да коментира дали поактивно ќе се вклучи во решавањето на новиот ќор-сокак во кој навлегоа преговорите за изборниот закон, ниту, пак, дали е планирана посета на високи претставници или на еврокомесарот Јоханес Хан на Македонија.

kocijancic-maja-eu_9

 

Портпаролката на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, Маја Коцијанчич, ја повтори вчерашната изјава дека политичките лидери треба што поскоро да постигнат договор.

 

–Ги повикуваме лидерите на четирите политички партии да постигнат договор што поскоро, пожелно би било уште денеска. Како што знаете, се приближува датумот на изборите. Овој изборен закон мора да биде усвоен што е можно поскоро и да почне неговата имплементација бидејќи изборите се во април. Тоа е процес кој треба да се спроведе, а изборите треба да бидат добро подготвени – рече Маја Коцијанчич.

Слични содржини