Европската комисија денеска одобри дополнителни 1,5 милиони евра хуманитарна помош за Македонија и за Србија за згрижување на бегалците и мигрантите.

evropska-komisija111

Еврокомесарот за хуманитарна помош Христос Стилијанидес укажа дека „Западен Балкан настојува да се избори со засега најголем број бегалци и мигранти“ и затоа ЕУ и дава итна парична помош за Македонија и Србија.

На утрешниот самит во Виена, како што наведоа од ЕК, ќе бидат разгледаат прашањата за регионална соработка, економската ситуација на Западен Балкан, цивилното општество, стручното усовршување и образованието на младите, верскиот дијалог, сузбивањето на екстремизмот и миграцијата.

Европската комисија соопшти дека Европската унија ќе му даде силна поддршка на Западен Балкан на утрешниот самит во Виена, на кој како што е најавено ќе учествуваат европските комесари Марош Шефчович и Јоханес Хан, како и високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини.

Могерини предочила дека „подрачјето на Западен Балкан се соочува со многу предизвици, од итно решавање на проблемите со безбедноста и миграцијата, па до нужноста да се справат со економските и политичките неволји во многу земји.

Средбата на врвот на ЕУ-Западен Балкан, според Могерини, ќе биде „важна шанса не само да се расправа за тековните предизвици, туку и за заедничката иднина“.

 

МЕТА

Слични содржини