Екологистите бараат увид во извештајот за Охрид во УНЕСКО

од desk4

Иако Владата ентузијастички најави дека охридскиот регион е надвор од опасност, екологистите од Охрид СОС не веруваат во тоа, се додека јавно не биде објавен Извештајот,  кој со 15 дена доцнење беше испратен до УНЕСКО, информира ТВ24.

Сметаат дека Владата нема ингеренции да одлучува за статусот на доброто односно дали тоа ќе биде или не впишано во Листата на светско наследство во опасност на УНЕСКО.

Напротив велат дека треба јавно да се објавидокументот и конкретно да  се образложи, кои мерки  го гарантираат статусот на УНЕСКО и се преземени.

,,Најпрвин на ниедна градба не е прогласен мораторим. Според најновиот извештај од ноември 2017 година на Меѓународната унија за заштитта на приордата – неконтролираната и нелегалната урбанизација на крајбрежјето е една од најсериозните закани за Охридското езеро. Ние не гледаме дека по тоа прашање е превземено нешто” – Охрид СОС

Премиерот Заев пак вели дека Владата веќе ги стопирала големите проекти опасни за градот. Укинат е планот за изградба на ски центар на Галичица како и патот Охрид Свети Наум,  а парите вкупно 86 милиони евра се пренаменети за изградба на магистрални патишта.

 

Целиот текст може да го прочитате тука

Слични содржини