Електричниот камион на Tesla одложен за средината на ноември

од desk2

Место на крајот на месецов, електричниот камион на Tesla ќе биде претставен во средината на ноември. Причина за повторното одлагање се проблемите со Model 3, чијашто продукција заостанува далеку зад планираното.

Електричниот камион на Tesla ќе чека уште две недели на својата светска премиера. Калифорнискиот производител на електрични автомобили повторно го одложи претставувањето на камионот со електричен погон. Приоритет на компанијата е надминување на тесното грло во производството на Model 3. Место планираните 1.500 примероци, Tesla во периодот од јули до септември произведе само 260 примероци од електричната лимузина со цена од 35.000 долари.

Ураганите уште една причина за одлагање на електричниот камион на Tesla

Премиерата на електричниот камион на Tesla прво беше одложена за крајот на октомври, за сега да следи повторно поместување на датумот за премиерата, на 16-ти ноември. Уште една причина за одложувањето е зголемената продукција на батерии, со цел да им се помогне на жителите на Порторико. Ураганите го уништија снабдувањето со струја на голем дел од територијата на оваа земја.
Како последица од одложувањето на премиерата на електричниот камион на Тesla, акциите на компанијата забележија пад за 0,8 проценти. Големите американски концерни General Motors и Ford пред неколку денови најавија големи планови за производство на електрични автомобили.

Слични содржини