Ердоган: Медиумите ги прават терористите херои!

од desk2

Искуството на меѓународните медиуми да ги претстават “терористите како херои” и да ги игнорираат жртвите се дел од лошиот план против турскиот народ и турската влада, изјави претседателот на Турција Реџеп Ердоган, цитиран од “Хуриет дејли њуз”.


“Двојните стандарди кои важат меѓународните медиумски организации при покривањето на настани кои сме претрпеле во последниве години, се познати”, рече Ердоган на отворањето на Меѓународниот саем на книгата во Истанбул.

Според зборовите на претседателот светот ја игнорирал славната победа на Турција при обидот за државен удар на 15 јули. Тој истакна во таа смисла колку е важно што се случило тогаш постојано да биде потсетник преку литературата и уметноста.

“Задача на сите нас е да го зачуваме тоа наследство”, рече тој. “Како и секогаш, не можеме да се потпреме на свеста или дејствата на другите”, додаде Ердоган.

Околу 250 луѓе беа убиени, а околу 2.200 се повредени при обидот за државен удар, за кој Анкара го обвинува исламскиот проповедник Фетхуллах Ѓулен и неговото движење, наречено во Турција Фетхуллахистка терористичка организација (ФЕТО).

Слични содржини