Ердоган “неоосмански” бара промени на балканските граници!

од desk3

Атина ја оценува како провокативна изјавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека Лозанскиотт договор од 1923 година, кој ги дефинира современите граници на Турција, ја оштетил неговата земја, соопшти грчкото издание Њуз.ин.

Пред регионални шефови Ердоган го критикувал Лозанскиот договор, и рекол дека тој е штетен за Турција и дека врз основа на него на Грците биле дадени островите.

0000317131-article2

“Противниците на Турција во Првата светска војна не принудија да ги потпишеме Северскиот договор од 1920 година и ни наложија да го потпишеме Лозанскиот договор од 1923 година со кој се обидоа да не измамат, претставувајќи овој договор како победа. Но, сето е разбрано. Во Лозана ние ги дадовме на Грција островите во Егејското море, од кои викотниците се слушаат и на нашите брегови. таму има наши светињи и наши џамии. Ние и досега се бориме за островите. овие проблеми се појавија заради оние кои биле на преговарачката маса во Лозана и не се успеале да ги заштитат нашите права “, рекол Ердоган.

Со оваа изјава Ердоган ја оптоварува дополнително веќе тешката клима во односите меѓу Грција и Турција, изјави Дора Бакојани, координатор за надворешна политика и одбрана на партијата Нова демократија.

Таа ги повика грчкото МНР да реагира веднаш, истакнувајќи дека секое оспорување на постоечките договори, кои се основа на грчко-турските односи, крие само проблеми за утрешниот ден.

“Неоосманизмот припаѓа на минатиот век и односот на страните се градат со поглед кон иднината”, истакна Бакојани.

Парламентарниот претставник на Демократскиот блок, поднесен од партиите ПАСОК и Демократската левица ДИМАР, рече дека “пијанството” на Ердоган од неговата победа против превратаџиите не претставува оправдување за лудте изјави и го повикува веднаш да прекине со неодговорна политичка тактика која тој ја остварува од причини за домашна потрошувачка.

Во својата порака грчката комунистичка партија вели дека изјавите на Ердоган се опасни и провокативни и се во рамките на системскиот напор на турското раководство да ги оспори егејските острови и воопшто границите и суверените права на Грција.

За возврат партијата Потами истакнува дека по обидот за воен удар против него, Ердоган очигледно чувствува потреба да се подигне самодовербата на некои средини во земјата, создавајќи тензии во односите со Грција. Ја повикуваме Турција да не се обидува да создава ново жариште на тензии, и да оспорува меѓународен договор кој го уредува прашањето за сопствените граници и на малцинствата и да ги почитува потписите во Лозана, се вели во соопштението на политичката партија.

Сојузот на центристите коментира дека изјавите на турскиот претседател за оспорување на Лозанскиот договор од 1923 година ги торпедира грчко-турските односи, го прекинуваат европскиот пат на Турција и ја враќаат кон нејзината улога на уништувач на мирот на Балканот.

Слични содржини