Реџеп Ердоган се обидува да ја стави Европската унија на колена. Турција сака олеснување на визниот режим со ЕУ, соопшти претседателот на ЕП Мартин Шулц по денешната средба со турскиот претседател.

20151005.vizafutjlr

Шулц даде изјава за медиумите, на што Ердоган не присуствувал.Ердоган го  поставил  прашањето кое се насочува   на зона за безбедност во Сирија на границата со Турција. Шулц одговорил дека таков чекор може да биде преземен единствено со одлука на Советот за безбедност на ОН. Турција е подготвена на секаков вид соработка на бегалската криза, изјави претседателот Реџеп Таип Ердоган по средбата во Брисел со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Ердоган ги негираше обвинувањата дека неговата земја намерно ги пушта мигрантите преку границата во останатите европски земји. “Во Турција има приближно 2,5 милиони мигранти, а во ЕУ засега пристигнале 250 000. Никогаш не сме дискриминирале  бегалци по вера и етнос,  ги прифативме  сите. Досега сме потрошиле 7,5 милијарди долари за справување со бегалската криза, а од меѓународната заедница сме добиле 417 милиони долари “, рече Ердоган.

Претседателот на Советот Доналд Туск ја повика Турција да го почитува договорите за реадмисија на илегалните имигранти и за безбедност на границите. . Турскиот претседател, кој се подготвува за парламентарни избори на 1 ноември,го  истакна рекордот на Турција со усвојувањето на 2 милиони бегалци од соседните Сирија и Ирак, и го спореди со бројот на бегалците кои минуваат во ЕУ.Европа се чувствува проблематично дури и при постоењето на најмалиот бегалски прилив, рече тој синоќа на голем митинг во Стразбур. “Што ни велат тие? Не отворајте вратата, не дозволувајте им да стигнат до нас. Тие мора да останат кај вас”, рече уште во друга манифестација во Стразбур претседателот, цитиран од турски “Хуриет”. Реториката на турскиот претседател веројатно ќе ги  загрижи претставниците на ЕУ, кои се очекува да го убедуваат Ердоган за време на денешната посета на Брисел да прифати уште сириски бегалци во замена за помош, предвидува Ројтерс.

По средбата денеска со Ердоган Мартин Шулц објасни дека турската страна условила со прецизни  средствата за  одржувањето на бегалските кампови на својата  територија. Шулц го утврди разговорот како “многу интензивна размена на мислења”. Претседателот на ЕП му изјави на својот гостин дека Турција не може да биде исклучена од листата на “сигурните држави”, откако е кандидат за членство во ЕУ. Оваа листа  ги одредува земјите во кои можат да бидат вратени мигранти, несоодветни на правилата за добивање на меѓународна заштита во ЕУ.  Според “Франкфуртер Алгемајне зонтасцајтунг” Европската унија и Турција веќе се договориле во принцип во акциониот план за намалување на протокот на бегалци кон Стариот континент, а на денешните средби на Ердоган со евролидерите овој  договор само треба да биде потврден . Според планот Турција ќе прифати да ги зајакне напорите за обезбедување на границата со ЕУ преку вклучување на нејзини претставници во заеднички патроли со грчката крајбрежна стража во источно Егејското Море, кое ќе се врши преку координација на службата за заштита на границите на ЕУ Фронтекс. Сите мигранти кои ќе бидат фатени, ќе бидат вратени назад во Турција, каде што дефинирано од ЕУ. Според информациите, повикувајќи се на германски извори и на вработените на ЕК, планот е ревидиран  со  видување на договорот меѓу Брисел и Анкара од 2013 година .Претпоставуваки се  дека се што ќе  биде договорено, лидерите на ЕУ ќе бидат запознаени со планот пред нивната следна средба на врвот во средината на октомври. ЕУ одамна ја повика Турција да стори повеќе за да се сопре обидите на мигрантите да преземат најопасното премин на морето до грчките брегови, откако повеќе од 500 000 бегалци и мигранти стигнаа до Стариот континент од почетокот на годината. Лидерите на ЕУ се согласија минатата недела на вонредна средба по кризата со мигрантите да понудат повеќе помош на Анкара и другите земји од регионот. Во исто време во Брисел се убедени дека Анкара би можела да се соочи со околу 30 000 шверцери на луѓе од Турција кон Европа. ЕУ исто така сакаат на турска територија да бидат создадени “жешки точки”, која мерка засега е отфрлена од премиерот Ахмет Давутоглу.

Слични содржини