Европската унија денеска по првпат, два дена по настанот, реагираше за терористичкиог напад на караулата Гошинце во Македонија, извршен од страна на маскирани униформирани на УЧК од Косово. Портпаролката на Европската унија, Маја Коцијанчич, денеска во изјава за дописникот на МИА од Брисел ја пренесе загриженоста на ЕУ за настанот и во име на ЕУ побара од политичките партии во земјата да вложат напори за избегнување на тензии.

– Ние сме загрижени за насилните инциденти во полициската станица во Гошинце, во општина Липково. Од суштинско значење е овој настан да се реши на одговорен начин. Очекуваме властите и политичките партии да вложат максимални напори за да се избегне какво-било зголемување на политичките или меѓуетничките тензии, порача гласноговорничката на неформалната Влада на Унијата.

Она што изненадува е спората реакција на Брисел за терористичкиот напад во Македонија, ако се знае дека пред два дена, неколку часа по настаните во Гошинце, еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан одби да го коментира случајот на прес-конференција по Конференцијата за инфраструктурно поврзување на змејите од Балканот, каде беа шест премиери на земјите од регионот меѓу кои и македонскито премиер Никола Груевски. Хан само даде изјава за политичките случувања во Македонија.

Слични содржини